Поротникот од „Тортура“ поднел оставка поради семејни причини

Од:

Поротникот кој поднесе оставка во предметот „Тортура“ на СЈО, се откажал од ангажманот поради семејни причини, велат од судот за „А1он“.

„Еден од судиите – поротници кој е дел од судечкиот совет кој постапува по конкретниот предмет за кој прашувате го извести судот дека се откажува од функцијата судија – поротник поради семејни причини, заради што Судскиот совет на РСМ има донесено одлука за престанок на функцијата по сопствено барање. Со цел ефикасно водење на постапката веднаш е назначен нов судија – поротник, а во однос на Законската обврска на изменетиот судечки совет предметот да почне отпочеток, станува збор за формални дејствија кои може да се завршат во едно рочиште како не би имало дополнително одолговлекување на предметот и доследно почитување на начелото за судење во разумен рок“, одговорија од судот за „А1он“.

Во одговорот се посочува дека судот не може да им наложи на поротниците до кога да ја извршуваат функцијата.

„Судот нема никакви овластувања на било каков начин да им наложи на судиите – поротници да ја извршуваат функцијата спротивно на нивната воља, но мора да се има во предвид дека тие се претставници на граѓаните во судските процеси и се гаранција за владеењето на правото и почитување на законите“.

Во „Тортура“, СЈО ги обвини ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски Пуки, и уште петмина „алфи“. Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на апсење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски во 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

На 28 февруари 2018 година беше одржано првото рочиште за предметот „Тортура“, а следното е закажано за 22 октомври.

Би можело да ве интересира

Пропаднаа две години судење за „Тортура“, поротник поднел оставка

Васко Маглешов

Нови рочишта за „Титаник“, „Транспортер“ и „Тортура“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Котевски не се појави да сведочи за апсењето на Бошкоски

Виктор Јованов

ВИДЕО: Камчев и Трајковска се изгушкаа по сведочењето за „Тортура“

Виктор Јованов

Камчев: Сите во Македонија разговараа за апсењето на Бошкоски, интересен беше предметот

Виктор Јованов

(ВИДЕО) Трајковска: Мијалков го известил Камчев за апсењето на Бошкоски

Виктор Јованов