Пороен дожд во Прилеп, градот под вода

Од:

Попладнево, околу 15.30 часот Прилеп го зафати невреме со пороен дожд, грмотевици и град. Сообраќајниците од поројниот дожд во центарот на градот беа поплавени.

Според јавните комунални претпријатија нема пријавено штети во градот, но сообраќајниците беа полни со вода, па и центарот каде се штандовите на Пивофест.


– Поради краткотрајниот пороен дожд кој се слеваше од Марковите кули, водата ги поплави за кратко сообраќајниците во центарот. Нема пријави за поголеми штети. Нашите екипи се постојано на теренот. Водата за брзо се повлекува, изјави Сашо Николоски, директор ја ЈП „Водовод и канализација“.

Според Златко Ристески, директор на ЈП „Комуналец“ ангажирани се дополнителни екипи.

– Ангажирани се четири цистерни, по две од Јавното претпријатие и од Противпожарната единица за час или два да се исчисти центарот на градот за да нема проблеми кај штандовите и Фестивалот „Пивофест“ нормално да функционира. Вечер екипите ќе работат да видат каква е ситуацијата во периферните делови, особено во населбата Тризла каде секогаш се очекуваат проблеми при поројни дождови, изјави Ристески.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска