Пороен дожд и грмежи попладнево во централните делови на државата

Од:

Интензивна нестабилност со пороен дожд, грмежи и можна појава на град во попладневните часови има во централните делови од државата, соопшти Управата за хидрометеролошки работи.

Оваа маса, како што информира УХРМ, бавно се движи кон југоисток.

Попладнево невреме со пороен дожд, грмежи, град и засилен ветер го зафати Скопје и Скопската котлина, а невреме имаше и во Велес и Свети Николе.

Нестабилното време се очекува да се задржи на повеќе места и во текот на вечерните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Утре претпладне и околу пладне, во западните делови се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максималната од 23 до 32 степени. УВ инкексот ќе биде 6.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски