Поради снегот забрана за сообраќај на камиони на патот Маврово – Дебар

Од:

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, утрово во 7:30 часот, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

На останатите патишта во државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот. Слаб снег провејува на планинскиот превој Буково.

Намалена видливост поради магла од 100 до 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Битола – Демир Хисар, Битола – граничен премин Меџитлија, до 50 метри на патните правци Куманово – Свети Николе и Велес – Градско и од 20 до 30 метри на патниот правец Берово – Виница.

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Магла на патиштата во Струмица и Тетово

Сообраќајот на Плетвар е во прекин поради сообраќајна несреќа

Изгасната е цистерната, отворен е патот Струмица-Радовиш

Катерина Ѓуровски

Запалена цистерна, затворен патот Струмица-Радовиш

Катерина Ѓуровски

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он