А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поради неажурност на судот повторно одложено рочиште на СЈО

by А1он15/05/2019 - 10:4615/05/2019 - 11:19328
Share0

Во Кривичниот суд денеска повторно одложено судско рочиште на Специјалното јавно обвинителство. Судењето за предметот „шамарите во Центар“ кое требаше да се одржи денеска во 10 часот е одложено поради судењето за случајот Т.Н.Т. кој беше закажан во исто време како „насилство во општина Центар“. Во двата предмети обвинет е ексминистерот Миле Јанакиески кој мора да биде присутен на судењата.

Добивај вести на вибер

Одложувањата на судските рочишта, највеќе на оние каде како овластен тужител е СЈО, се случуваат со месеци наназад што полека станува пракса во правосудството. Како главна причина е поклопувањето на термините помеѓу два предмети што укажува на неажурност на судот кој ги закажува судењата.

Наредните рочишта за шамарите во Центар се закажани за 5 и 19 јуни.

Од овие причини досега најмалку по 2 пати беа одложувани рочиштата на речиси сите предмети застапувани од Специјалното јавно обвинителство.

Во случајот Насилство во Центар обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Тие се теретат за поттикнување и извршување насилство, кое се случи за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Виктор Јованов

nasilstvo vo centarsjo

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска29/04/2022 - 12:2429/04/2022 - 12:52

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“

Катерина Ѓуровски29/11/2021 - 13:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен