Поповски: Само Мијалков, Грујевски и Јакимовски оценуваа дали има потреба од набавка на опрема за прислушување

Од:

Рочиштето за случајот Трезор за набавка на опрема за прислушување во УБК, продолжи со вкрстено испрашување на поранешниот заменик министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски кој бил задолжен за набавките кои ги прави министерството за внатрешни работи.

Поповски во своето сведочење на прашање на обвинителот од СЈО, Артан Ајро, истакна дека само раководството на УБК и никој друг од МВР оценува дали има потреба од набавка на специфична опрема за потребите на Управата како во случајот набавената опрема за прислушување.

-Ниту јас, ниту бил кој вработен од мојот сектор сме ценеле дали има потреба за набавка на ваква специфична опрема. Тоа го цени УБК. Ние само ја спроведуваме постапката при набавка на ваква софистицирана опрема, а не одлучуваме што ќе се набави, од каде ќе се набави и дали има потреба од таква опрема, рече Поповски.

Претседателката на судечкиот совет, Џенета Бектовиќ го запраша екс помошник министерот на МВР Ѓоко Поповски на кого мисли кога вели раководство на УБК на што тој одговори дека во 2010 раководители со Управата биле тогашниот директор, првообвинетиот Сашо Мијалков и обвинетите началници Тони Јакимовски и Горан Грујевски.

Во случајот „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник за координација и поддршка при УБК, Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски