Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Од:

Основниот суд Скопје 1 донесе ослободителна пресуда за предметот „Трезор“ утврдувајќи дека Јавното обвинителство не успеало да докаже ниту една од претпоставките кои ги ставаше на товар на обвинетите.

Сашо Мијалков, Горан Грујовски и Тони Јакимовски, обвинети во случајот „Трезор“,  добија ослободителна пресуда за случајот во врска со злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Според судијката Имране Селмани, обвинетите се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сознание дека го сториле делото за кое се обвинуваат.

„Штетата мора да е докажана, а не претпоставена. Обвинителот не доставил вештачење со кое ја докажува штетата. Судот не е тело кое бара докази, туку е должен само да ги цени приложените докази. Докажувањето на штета е можно само со стручно економски вештачење, а јавниот обвинител пропуштил и не поднел такво вештачење. Со што штетата е само претпоставена и обвинителството не докажа надвор од разумно сознание дека обвинетите го сториле делото.“ , рече Селмани при изрекувањето на пресудата.

На денешното рочиште судијката образложи дека во повторената постапка Обвинителството извршило измена на обвинителниот акт со кои обвинетите се гонат за злоупотребата на службената положба и овластување, но по друг став, наместо искористување на службената положба, сега се гонат сега за пречекорување на службената положба.

Согласно пресудата, трошоците за маратонското судење ќе ги плати државата.

Поради апсолутна застареност постапката запре постапката против обвинетиот Небојша Стајковиќ.

Ова е втора пресуда за случајот откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите и во 2022 година ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година.

Со првичната пресуда, за повеќе ставови од „злоупотреба на службената положба и овластување“ беа осудени поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој доби единствена казна затвор во траење од осум години, а поранешниот началник на Петтата управа во Министерството за внатрешни работи, Горан Грујевски, на кој му се судеше во бегство, беше осуден на единствена казна затвор во траење од 15 години.

Поранешниот помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, добија затворски казни од по 5 години.

Сепак, Апелациониот суд ја прифати жалбата на обвинетите и предметот го врати на повторно судење.

Во изреката Апелација нотира: „… При повторна анализа и оцена на изведените докази, првостепениот суд со сигурност да утврди дали со преземените дејствија на обвинетите на начин како што е опишано во обвинението, настанала штета на буџетот на РМ и доколку настанала, да го утврди точниот износ, да утврди кои противправни дејствија ги презеле со кои евентуално би се исполниле субјективните и објективните елементи на кривичното дело од чл. 353 став 5 в.в. со став 1 од КЗ. Во таа насока, да ги утврди фактите и околностите во врска со спроведената постапка за јавна набавка, дали истата е спроведена законито, учесниците во истата, за да може да цени дали противправните дејствија кои ги презеле обвинетите претставуваат дејствија на извршување на некои од алтернативно дадените облици на дејствието на извршување од чл.353 од КЗ.“

Би можело да ве интересира

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

A1on

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

A1on

Обвинителството бара да продолжи мерката притвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски

A1on

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

A1on

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен