Попладне пороен дожд во истокот и североистокот од државава

Од:

Краткотраен пороен дожд и ретки грмежи се очекува попладнево да ги зафати источните и североисточните делови од државава. Синоптичарите најавуваат дека ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени, а УВ индексот 6.

Од УХМР информираат дека до петoк ќе се задржи постабилно и сончево време со пораст на дневните температури. Во петок ќе биде топло, а најпрвин во западните делови се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи. Услови за повремен дожд ќе има и во сабота на повеќе места, но не со позначителен интензитет.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски