Попладне пороен дожд, грмежи и ветер

Од:

Нестабилно облачно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер, најавува за денеска попладне Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува локално да наврнат околу 30 литри на метар квадратен воден талог, а ветерот да достигнува брзина над 80 км/час. Ќе има и услови за изолирана појава на град.

Претпладне времето ќе биде со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 19 степени.

Во Скопје нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува кон крајот на денот.  Температурата ќе достигне до 16 степени.

Утре не очекува посвежо време со врнежи од дожд, особено во западните делови, каде што на планините врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен северен ветер. Во петок ќе има локален слаб дожд, а во деновите од викендот ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски