А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Попладне нестабилно време во западните и северните делови

by А1он06/08/2015 - 12:1990
Share0

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска од пладневните часови најавува локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во западните и северни делови, но и во останатите планински региони.

Добивај вести на вибер

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во периодите на пороен дожд повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени, а УВ-индексот 7.

Во Скопје температура до 36  степени целзиусови, воздушен притисок 979, релативната влажност на воздухот 40 проценти и средна брзина на ветер три метри во секунда.

Во деновите од викендот, според УХМР, ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските предели, особено во југозападниот и јужниот дел од земјата. Од почетокот на работната недела и понатаму ќе се одржува сончево претпладне, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд во претежно југозападните делови.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен