Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Од:

Во западните делови на Македонија попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат и поинтензивни, со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Подоцна попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти денеска УХМР.

Утре во текот на денот нестабилно ќе биде во јужните делови на земјава, каде што локално повторно има услови процесите да бидат поинтензивни. Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува во петок кон сабота.

Во сабота во текот на денот ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните делови.

Засилен северен ветер и пониски температури ќе има до понеделник, а во недела можен е слаб дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски