Денеска во попладневните часови и во текот на утрешниот ден ќе има поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи на места во форма на невреме, силни електрични празнења, ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
До крајот на неделава ќе преовладува променливо облачно време со почести врнежи од дожд, локална појава на грмежи и благо опаѓање на температурата, која кон средината на неделата ќе се движи од 20 до 28 степени.
УХМР препорачува во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.