Пообилни врнежи утре попладне и преку ноќта

Од:

Пообилни врнежи од дожд утре попладне се очекуваат во северозападните и источните делови. Локално, како што најавуваат од УХМР, се очекуваат да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Во сабота ќе преовладува променливо облачно време, со сончеви периоди кои ќе бидат позастапени во источните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе биде без промена.

Во недела ќе биде претежно сончево со пониска утринска температура, од еден до осум, а повисока дневна од 16 до 23 степени.

Во првите два дена од наредната недела се очекуваат локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски