Утре ќе има преодна стабилизација на времето со пораст на дневната температура, а нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда, соопшти УХМР.
Во среда и во четврток ќе дува засилен северен ветер, а од четврток утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.
Минималните ќе се движат во интервал од минус четири до два, а максималните дневни од седум до 15 степени.