Црвениот крст на град Скопје денеска во просториите на Дневениот центар за стари лица во општина Сарај (Осново училиште „Дитурија“) подели 80 пакети со храна и хигиена по повод верскиот празник Рамазан Бајрам, во насока на сензибилизирање на верската толеранција и меѓусебно почитување.
Ранливите лица на кои им беа поделени пакетите, како што посочуваат од Црвениот крст, биле детектирани преку дневните посети на медицинските сестри и волонтерите, во соработка со Здружението на пензионери на општина Сарај.
Овој настан се случува во рамките на социјалниот сервис: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ кој е поддржан од страна на Град Скопје, компанијата Даути, Австриски Црвен крст и ЕВН Македонија.