Положено цвеќе пред спомен бистата на Христијан Тодоровски Карпош во Крива Паланка

Од:

По повод 7 февруари, денот кога загинал народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош, денеска пред неговата спомен биста во Крива Паланака, цвеќе положија делегацијата на здружението на борците од НОБ, делегација од општина Крива Паланка, како и други граѓани почитувачи на ликот и делото на македонскиот херој.

Присутните со едноминутно молчење му одадоа почит и се поклонија пред спомен бистата на херојот кој се бореше за слободата на Македонија.

Христијан Тодоровски-Карпош е роден 1921 година во Куманово, а бил убиен на денешен ден, 1944 година од страна на бугарскиот окупатор за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште кај селото Билјача, Прешевско.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он