Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Од:

Седумтемина полициски службеници од Кочани и Штип, осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот во Кочани беа спроведени во Основниот кривичен суд Скопје, каде им беше одреден 30 дневен притвор.

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерки за обезбедување присуство против 7 лица, службени лица о во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесoa решенија со кои:

Се прифаќа предлогот на ОЈО и на сите 7 осомничени, им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и точка 3 кај одредени осомничени, односно Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и Околности кои укажуваат дека може да го повторат делото.

Кривичното дело за кое се сомничат е поврзано со издавање согласности за функционирање на диско клубот во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, соопштија од Кривичниот суд.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, на прес-конференција, потврди дека осомничените констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај. Освен овие седуммина, пред судија на претходна постапка ќе биде изведено уште едно лице поврзано со кривично правен настан, кое притоа и во овој момент е едно од раководните лица во Министерството за економија.

-Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, рече Тошковски на прес-конференција во МВР.

Како што дополни, како службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Тој потенцира дека првиот, како главен инспектор за сообраќајни работи во Одделението за полиција при СВР Штип, и вториот како самостоен инспектор за планирање резервен состав, превенција и справување со кризни состојби, констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај.

Третиот, како началник на Одделението за полиција во СВР Штип и четвртиот како началник на СВР Штип, одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во која е констатирано дека кабарето ги исполнува законските услови и со тоа што не извршиле целосна проверка пред да ја издадат и одобрат позитивната согласност за издавање на лиценца за кабаре, сториле незаконитост.

-Петтиот, како документарист во ПСО на Кочани, изработил телеграма во која не навел точни и целосни податоци, дека во и близина на кабарето има пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела, додека шестиот, во својство на заменик командир и седмиот како началник на Одделение за внатрешни работи Кочани, иако знаеле дека има повеќе пријавени нарушувања на јавен ред и мир во и близина на кабарето, истите вака изготвената телеграма ја одобриле и потпишале, со што како службени лица, не постапиле согласно прописите за мерките за заштита и не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за кабарето и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето, појасни Тошковски.

Би можело да ве интересира

Забрана за летање и снимање со дронови на десетина локации во земјава

Предраг Петровиќ

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Тошковски: Ако постои правило дека дрон не сме да лета над толпа, тогаш тоа не треба да се прави

Предраг Петровиќ

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

АЦВ за снимањето со дронови: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо

Предраг Петровиќ