Полицискиот час нема да важи за лица кои се грижат за пациенти со деменција

Од:

Лица што се грижат за пациенти со деменција или пациенти за кои се користи туѓа нега и не се подвижни, ќе може да имаат надзор и за време на полицискиот час. Министерот за здравство Венко Филипче денес најави дека е најден начин на лицата кои се грижат за такви пациенти да им се издадат дозволи.

„За лицата кои имаат деменција или користат туѓа нега разговараме откако стигнаа голем број прашања и заклучивме дека може да им се издаде дозвола. Најчесто се работи за лица од семејството. Тие ќе треба да приложат медицинска документација која го оправдува движењето, да аплицираат и ќе добијат дозвола од Министерството за информатичко општество“, рече министерот Филипче.

Од Министерството за информатичко општество за „А1он“ изјавија дека заклучно со 31 март вкупно 33.863 граѓани добиле дозволи за движење за време на полицискиот час од 22 март кога стапи на сила ограничувањето на движењето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни