Полициската истрага ќе ги покаже причините за опожарувањето на возилото на автопатот Куманово-Скопје

Од:

Автомобил „мерцедес 220“ изгоре на автопатот Куманово-Скопје кај Агино село, соопшти кумановската полиција. Кај нив случајот бил пријавен денеска во 11:50 часот.

Полицијата извршила увид и констатирала дека возилото се запалило во движење.

Седумдесетгодишниот возач од кумановско Лопате со „мерцедесот 220“ со швајцарски национални ознаки се движел по автопатот кон Скопје. При возењето заблежал густ црн чад под хаубата. Тој застанал на десната страна и заедно со сопатничката излегле надвор. За кратко време автомобилот целосно изгорел. Истрагата на полицијата ќе ги покаже причините за опожарувањето на возилото.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари