Полицијата во бункери пронашла хероин, пушки и пиштоли

Од:

Министерството за внатрешни работи се огласи во однос на полициската акција што синоќа и денеска се одвива во Скопје, во населбата Гази Баба. Во соопштението на МВР се вели дека во специјално изработени бункери било најдено оружје, пиштоли и пушки и 2,5 килограми хероин.

„Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција во координација со СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога синоќа и денеска со наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1, презеде мерки и активности на локација на улицата „Алпи“ во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје, меѓу кои три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, кое потекнува од кривично дело тешка кражба од продавница за оружје“, се вели во соопштението.

При пребарување на теренот, велат од МВР, во специјално направен бункер пронајдено е околу 2.5 килограми хероин.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, но не соопштуваат дали има уапсени лица во акцијата.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски