Полицијата удри силно на нелегалното оружје: 82-годишен дедо од Врапчиште фатен со карабин без дозвола

Од:

Гостиварската полиција извести дека вчера постигнала нов успех во борбата против нелегалното оружје, поднесувајќи кривична пријава против 82-годишен дедо од селото Врапчиште, во чиј дом нашла ловечка пушка – карабин. Заедно со карабинот, гостиварските органи на редот на дедото му ги пронашле и резервите од муниција – вкупно 55 куршуми.

„ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.С.(82) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Пријавениот поседувал ловен карабин калибар 7,46 мм, 54 куршуми со калибар 7х64 и еден куршум со калибар 7х64 R, кои ги чувал во својот дом без соодветна дозвола издадена од надлежен орган,“ се вели во соопштението на МВР за овој последен, силен удар врз нелегалното оружје во земјава.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ