Полицијата приведе газдарица на кафеана во Трубарево што работела по 21 часот

Од:

Вчеравечер во 22.20 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека угостителски објект во село Трубарево, спротивно на важечките прописи, работи по 21.00 часот, соопшти МВР.

„Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека објектот работи и во него има гости. Во полициска станица бил извршен разговор со сопственичката С.С.(46) од Скопје и по целосно документирање на случајот, во координација со Државниот пазарен инспекторат против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“,“ велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Екстремно топло, продолжуваат мерките за заштита од жештините

Катерина Ѓуровски

Еднократна финансиска помош добиваат ноќните клубови, рестораните за свадби и туристичките агенции

Бугарија врати осуммина шпански државјани од авион поради ковид-мерките

Жарко Настоски

Британија го укинува карантинот за вакцинирани патници од САД и сите земји на ЕУ, освен Франција

Жарко Настоски