Алиу: За два дена над двесте прегледани лица во рамки на скринингот во Трубарево

Од:

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на населението во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални симптоми на дишните патишта.

· Само во текот на вчерашниот ден се прегледани над 100 лица на двата пункта во Трубарево, од кои осум лица се упатени на Клиниката за пулмологија, поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контролни прегледи. Скринингот опфати клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет. Овој скрининг имаше голем одѕив со над двесте прегледани пациенти во два дена и беше навистина добро прифатен од локалното население, и во следниот период продолжуваме да ја следиме состојбата во соработка со Клиниката за пулмологија и сите надлежни институции, истакна министерот Алиу.

Според информациите од тимовите од Клиниката за пулмологија, пациентите кои биле упатени на Клиниката имале симптоми како потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите. Воедно, во рамки на скринингот се детектирани и пациенти со висок крвен притисок кои биле советувани да се обратат кај својот матичен лекар за натамошни испитувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место