Полицијата почна да приведува новинари на суд

Од:

Нов удар врз слободата на печатот. Полицијата почна да приведува новинари на нивните работни места. Покана за судско рочиште не сме добиле, тврди новинарката Искра Опетческа, која заедно со уредниот Зоран Андоновски, вчера со полиција биле однесени на суд. Андоновски го привеле од просториите на Дневник, Опетческа, од Нова Македонија. Иако бил објавен демант за напишаното, Васил Пишев, инаку пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, решил да тужи бидејќи во спорниот текст бил наведен како осомничен во случајот „Пајажина“. За ист текст, Опетческа заработила 3 пријави за клевета.

А за да биде иронијата уште поголема, приведувањето било за рочиште кое веќе било одложено, објаснува Опетческа.

Приведување новинари, астрономски суми за клевета , па дури затвор. Сето тоа во отсуство на новинарите кои воопшто и не добиваат судска покана, не се ништо ново за македонските судови. Обидите за декриминализација на клеветата сеуште се залудни. Владата во тајност го готви новиот закон за медиуми. Македонија останува последна во Европа по слободатата на новинарите.

Новинарите се револтирани. Додека нив ги приведуваат со полиција, судот со години ги толерира функционерите од власта кои редовно не се појавуват на рочиштата.

Јасмина Јакимова

Би можело да ве интересира

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски

Рекорден број на убиени новинари во 2025 година, Израел е одговорен за две третини од убиствата

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска