Полицијата не најде бомба, сега го бара лицето кое пријавило дека е поставена

Од:

Пријавата за напад во билетарата на Македонскиот народен театар била лажна, вели Министерството за внатрешни работи по направените проверки. Тие велат дека постапиле на терен, а по евакуацијата на повеќе објекти меѓу кои и државни институции, направиле целосна проверка. Не било утврдено дека има експлозивна направа.

„Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата“, велат од МВР.

Инаку, пријавата во полиција дојде на колку минути до 17 часот, кога непознато лице се јавило во билетарата на МНТ. Полицијата ги блокираше сите улици кои водат до објектот на МНТ, а околните згради ги испразни.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка