Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Од:

Тригодишно дете од Штип вчера е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија, а по извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиезепами“, соопштија денеска од СВР-Штип.

Во пишаното соопштение се наведува дека вчера во 18.18 часот во СВР-Штип е пријавено дека на Детското одделение при Клиничка болница Штип во 11.47 часот на детското одделение дошла 24 годишната Н.С. од Штип со нејзиното тригодишно дете, кое било затруено. По извршени испитувања е констатирано дека кај детето има присуство на „бензодиезепами“ и ќе биде задржано на опсервација. Известен е Центарот за социјални работи-Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок