Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Од:

СВР Тетово информира дека вчера е лишен од слобода 18-годишник од тетовско кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште. До приведувањето на М.Р.(18) од Палатица, по пријави од неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово.

-Тие добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р.(18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Тетово.

На 27 февруари 2026 во Палатица, исто така беше лишен од слобода М.Р.(18) како осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции, но нема потврда од СВР Тетово дали станува збор за истото лице.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок