ВИДЕО: Полицијата ги спречи демонстрантите да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Од:

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, но не успеаја да стигнат до нејзината куќа, бидејќи припадниците на МВР, кои беа поставени на почетокот на улицата ги спречија во тоа.

Демонстрантите извикуваа „Македонија, Македонија“.

Лидерот на партијата „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, ја повика поранешната министерка да излезе од својот дом и да се помири со граѓаните, а не со, како што кажа, оние во Собранието, бидејќи тие имаат единствена цел само да ја продадат Република Македонија.

– Излези Бети, излези, ако не ради нешто друго, барем поради тоа што си домаќинка. Излези со народот и прими го писмото од граѓаните, рече Бачев.

Демонстрантите исто така го прочитаа писмото кое минатата недела го дадоа и на останатите пратеници кои гласаа за уставните измени во Собранието на Република Македонија, меѓу кои и Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ поднесе листи со кандидати до ДИК

Ландов

Единствена Македонија реагира бидејќи не се поканети на лидерска средба кај Спасовски за коронавирусот

Ландов

(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Искра Манојлоска

Единствена Македонија и Тврдокорни потпишаа Меморандум за стратешка соработка која започнува за изборите на 12 април

Бачев: ВМРО-ДПМНЕ не прифати коалиција под услов да ги поништиме антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско

Предраг Петровиќ

Единствена Македонија со проект-90 илјади семејства да добијат по еден хектар земјиште