Полицајци и пожарникари спасуваа шестмина завеани во прилепско село

Од:

Полициски службеници во соработка со пожарникари денеска извлекоа шест лица од прилепското село Вепрчан, кои поради снежни наноси не можеле да излезат од селото од саботата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска околу 12 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со екипа на Територијалната противпожарна единица извлекоа шест лица од прилепското село Вепрчани, кои поради снежни наноси не можеле да излезат од селото од 13.02.2021. Лицата биле на возраст од 24 и 25 години од Кавадарци и во село Вепрчани отишле на 13.02.2021, се вели во соопштението од МВР.

Сите шест лица биле затекнати во добра здравствена состојба и со возила на граничната полиција и на противпожарната единица биле однесени во Прилеп, од каде заминале во своите домови во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он