Полицаецот што објави „Седете дома клошари“ суспендиран од работа

Од:

Полицаецот кој ја споделил фотографијата на која е и негов колега, двајцата облечени во полициска униформа, заработи суспензија од работа, а за двајцата се води дисциплинска постапка, дознава „А1он“. Суспензијата е една од најстрогите мерки кои може да ги изрече МВР за вработените, откако ќе утврди одговорност дека направиле прекршување на законите, внатрешните правилници и кодекси.

Дисциплинската постапка се води за да се утврди одговорност, а освен суспензијата за еден од полицајците, за двајцата ќе биде изречена и дополнителна казна која може да биде парична, преместување на пониско работно место според хиерархијата на МВР или отказ.

Техничката заменик-министерка Славјанка Петровска, однесувањето на полицајците го оцени како недозволиво.

„Вакво недолично однесување е недозволиво за припадници на полицијата кои во услови на вонредна состојба ја имаат одговорноста да ја гарантираат сигурноста на граѓаните и да влеат доверба. Строги казни за вакви сериозни дисциплински престапи“, порача Петровска.

Министерството за внатрешни работи, пак, веднаш реагираше и го осуди однесувањето на полицајците.

Двајцата полицајци на социјалните мрежи споделија фотографија како седат во автомобил со полициска униформа и напишаа „Седете дома клошари“, што наиде на силни критики и барања за санкционирање од страна на јавноста.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски