Полициски службеник бил физички нападнат ноќеска 30 минути по полноќ при контрола на угостителски објект во Крива Паланка.
Полицијата соопшти дека настанот се случил во Крива Паланка на ул.„Свети Јоаким Осоговски“, пред угостителски објект при преземање мерки и активности за контрола на угостителски објекти и проверка на идентитет на лица. Полицаецот од ПС Крива Паланка бил физички нападнат од страна на С.Ѓ.(19) од с.Конопница–Крива Паланка и притоа му биле нанесени телесни повреди во стомакот и гребнатини на левата рака и устата.
С.Ѓ. бил приведен и е задржан во полициска станица по овластување на Јавен обвинител до целосното расчистување на случајот и поднесување на соодветна пријава.