Полицаец нападнал вработени во испитен центар бидејќи ќерка му не положила возачки испит

Од:

Полициски службеник вработен во полициската станица во Кавадарци физички нападнал две лица од испитениот центар на „Здружение на возачи“ од Велес поради тоа што неговата ќерка не го положила возачкиот испит.

Во цивилна облека Ј.К. првично им упатил вербални закани на претседателката на испитниот центар С.Н. (41) и на контролорот за полагање на возачки испит Ц.П. (34) дека ќе ги убие нив и останатите членови од комисијата доколку неговата ќерка не го положи возачкиот испит. Потоа за кратко време повторно влегол во Испитниот центар и физички ги нападнал С.Н. и Ц.П. кои со помош на нивната колешка М.И. успеале да го отргнат и да го изнесат надвор.

По превземени мерки, од Ј.К. со потврда за привремено одземени предмети одземено му е службеното оружје и муниција и против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „насилство”. За настанот запознат е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички работи и професионални стандарди кои преземаат соодветни мерки.

Индицентот се случил вчера околу 12 часот, а случајот во полиција е пријавен во 13 часот од страна на С.Н. и Ц.П.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов