Погребот на Џафери денеска во Тетово

Од:

Почесниот претседател на ДПА, Арбен Џафери, кој почина вчера , ќе биде погребан денеска попладне на гробиштата во Тетово, информираа од ДПА, објави Дневник.

Претходно во Домот на културата во Тетово ќе се одржи Комеморативната седница.

Пред една недела беше примен во болница по претрпениот мозочен удар, и беше во кома. Долго време се лекуваше од Паркинсонова болест

Џафери беше роден во Тетово на 24 јануари 1948 година.Завршил Филозофски факултет.

До 1990 работел за радио и телевизиските станици во Приштина, Косово како главен уредник на Културната програма. Бил претседател на ПДП во Македонија од 18 април 1995, а потоа лидер на Демократската партија на Албанците до 2007. На вторите парламентарни избори во Македонија бил избран како независен пратеник (1994), а потоа како пратеник на ДПА. Од здравствени причини, во 2007 се повлече од активната политика, и беше почесен претседател на ДПА.

Џафери беше еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор.

Би можело да ве интересира

Собранието треба да ги констатира оставките на Ковачевски и Џафери и да избере нов спикер

Горан Наумовски

Левица: Апасиев со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на спикерот Џафери

Орце Костов

Џафери: Касами не може да држи прес-конференции во Собранието

Орце Костов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Џафери-Рот: Уставните измени нема да бидат на штета на ниту еден Македонец во земјата

Ана Ололовска

Џафери: Нема седница за пратенички прашања, Владата е во оставка