По повод Светскиот ден на водите денеска спелеонуркачкиот клуб „Врело“ организираше акција за подводно чистење на езерото Матка.
На настанот присуствуваше заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, кој посочи дека Македонија е еден посебен воден басен во пределот на Балканот каде 80 отсто водата се создава и се формира на нејзина територија.
– Токму затоа и нашата одговорност е многу поголема за тоа каква вода користиме, колку ја користиме и како ја оставаме на другите во регионот, изјави Темелковски.
Киро Ангелевски од клубот „Врело“ истакна дека целта на акцијата била да се сврти вниманието на јавноста.
Тој информира дека во водите на Матка пронајден е секаков отпад, претежно пластика, гума и делови од возила.