Поднесенo обвиниe за убиството во населбата Даме Груев

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство.

Како што се наведува, по спроведување на сеопфатна истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетиот со умисла го убил сега починатиот Н.Д. од Скопје, на 28.12.2018 година, на улица „Шарпланинска“ во Скопје.

„Обвинетото лице, пред да го изврши убиството, од домот на неговиот дедо земало ловечката пушка марка „Црвена застава Крагуевка“ и ја скрило во грмушките на улицата „Шарпланинска“. Потоа му се јавил на сега починатото лице за да му каже дека на возилото „БМВ’ му се јавил дефект на конкретното место, но дека со себе ги носи неговите 850 евра кои му ги должи. Откако оштетениот пристигнал на договореното место со неговото возило „Фолксваген пасат“, сторителот пришол и седнал на совозачкото седиште. Во разговорот кој го воделе, обвинетиот му рекол на сега починатото лице дека парите кои ги носи се во валута евро и дека треба да ги сменат во менувачница. Но пред да заминат, сторителот излегол од возилото и ја оставил вратата од страна на совозачот отворена. Го замолил оштетениот да го почека, при што отишол до грмушките, го зел оружјето од таму се вратил кај возилото и дирекно испукал еден куршум кон сега починатиот. Вториот смртоносен куршум од оружјето бил испукан во грбот на оштетениот, откако тој направил обид да излезе од возилото“ се наведува во извештајот од истрагата.

Надлежниот јавен обвинител до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, поради постоење на опасност од криење и бегство.

Би можело да ве интересира

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Го уби татко му затоа што му го зема нинтендото

А1он

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Полицаец призна убиство на бремена фитнес инструкторка – играле „игри со задушување“

А1он

Екс корзикански националистички лидер убиен на погребот на мајка му

А1он