А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поднесено обвинение за убиство и обид за убиство во Арачиново

by А1он10/06/2019 - 12:58269
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица.

Добивај вести на вибер

Еден од обвинетите се товари за кривично дело – Убиство од член 123 став 1, додека сите тројца се обвинети за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

„На 31.08.2014 година, тројцата обвинети влегле во двор од куќа во Арачиново, во која живеел сега покојниот Бајрами Мевљудин и неговото семејство. Еден од обвинетите, со истрел од огнено оружје – пиштол, со умисла го лишил од живот Бајрами Мевљудин, а се обидел да лиши од живот и уште едно лице, брат на жртвата. Останатите двајца обвинети пукале кон мајката на жртвата и кон другиот брат, нанесувајќи им прострелни рани.

Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на тројцата обвинети им беше претходно определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Кривичниот суд достави и предлог за продолжување на оваа мерка за обвинетите. Притоа, како основ се наведува опасноста обвинетите да се дадат во бегство со цел да го избегнат кривичниот прогон, особено со оглед на тоа што тие не биле достапни на органите на прогонот речиси пет години по извршување на делото и беа лишени од слобода дури во април годинава“, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

obvinitelstvoubistvo

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трамп објави видео од маж кој со чекан убива жена: „Ако го увезеш Третиот свет, стануваш Трет свет“

Горан Наумовски10/04/2026 - 07:4710/04/2026 - 07:48

Обвинетиот за убиството на Борјанка Николова го смени исказот – бара ослободителна пресуда

А1он08/04/2026 - 15:4408/04/2026 - 15:47

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 12:47

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Горан Наумовски01/04/2026 - 10:02

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 09:55

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он30/03/2026 - 20:3930/03/2026 - 20:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто