Поднесено обвинение за производство и дистрибуција на детска порнографија во Велес

Од:

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 22 години за кривично дело – производство и дистрибуција на детска порнографија.

„На обвинетиот му се става на товар дека во месец јануари 2021 година, преку сопствениот мобилен телефон, набавил и поседувал видео снимки со детска порнографија.

Користејќи ја мобилната апликација Телеграм инсталирана на мобилниот телефон, со сопствен кориснички профил, се приклучил во групата Јавна соба со намера да прегледува фотографии и снимки со експлицитна содржина.

На телефонот презел повеќе фотографии и видео снимки со експлицитна содржина, меѓу кои и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу жена и дете на возраст под 10 години, како и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу деца – момче и девојче на возраст под 18 години. Таквите видео снимки ги зачувал во својот мобилен телефон што е утврдено од извршената форензичка анализа на телефонот.

Заради обезбедување на присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител достави и предлог да продолжат мекрите на претпазливост кои му беа веќе определени на обвинетиот во текот на истражната постапка“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски