Поднесени кандидатурите за претседател на државата, партиите ги финализираат листите за пратеници

Од:

Сите седуммина кандидати за претседател на државата ги поднесоа кандидатурите до Државната изборна комисија (ДИК). Сега се очекува ДИК да одржи седница на која треба да ги разгледа и потврди поднесените кандидатури, а најдоцна до 28 март треба да се утврди и редоследот на потврдените кандидати на гласачкото ливче.

Вчера кандидатурите ги поднесоа Бујар Османи, Билјана Ванковска и Гордана Силјановска – Давкова, а ден претходно тоа го сторија и Стево Пендаровски, Максим Димитриевски, Стево Јакимовски и Арбен Таравари.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, а на нив ќе гласа и дијаспората од 20-тина држави во кои се пријавиле доволен број граѓани. Иселениците нема да гласаат на парламентарните избори затоа што бројот на пријавени граѓани за гласање на овие избори е далеку од потребните 5.355 гласачи.

Најголемите партии од македонскиот блок – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавуваат активности за претстојниот викенд. СДСМ во сабота на конгрес ќе ги официјализира кандидатите за пратеници и носителите на листи, а ВМРО-ДПМНЕ, според најавите, се очекува да ја промовира изборната програма.

Би можело да ве интересира

Државниот буџет доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Претседателските избори 2024 годин

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Касами: Од утре граѓаните ќе бидат слободни

Катерина Ѓуровски

Таравари: Ова е историски ден и ќе го пишува во книгите

Катерина Ѓуровски

Џафери гласал и на претседателските избори

Катерина Ѓуровски