Поддршка за номинацијата на Заев и Ципрас за Нобел од 33 европратеници од 16 земји

Од:

По прв пат на Балканот со покажано лидерство се постигнува ваков иновативен договор, пишуваат 33 европратеници од 16 земји и шест политички групи од Европскиот Парламент, во писмото до Норвешкиот комитет за Нобел, со кое ја поддржуваат иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да бидат добитници на Нобеловата награда за мир за 2019.

Писмото потпишано и од тројца европратеници од СИРИЗА, во целост го објави и грчката новинска агенција АНА-МПА и европратеникот Димитрис Пападимулис на неговиот официјален сајт, јави дописничката на МИА од Атина.

Потписниците велат дека се апсолутно убедени оти „предлогот на госпоѓа Бушамауи е правилен пристап и има големо значење, особено земајќи ги предвид сложените разлики во регионот на Западен Балкан, што многу страдаше од војните“.

-Ова е прв пат на Балканот да се постигне таков иновативен договор. И двајцата премиери го направија овој чекор напред, имајќи голем домашен притисок, а дека на крај стигнаа до таков позитивен резултат, се должи на нивното лидерство. Нивната номинација за Нобеловата награда за мир, испраќа порака до сите дека храброста и прогресивното размислување над националните граници треба да бидат наградени, пишуваат европтатениците во нивното писмо во кое објаснуваат зошто ја поддржуваат номинацијата на двајцата премиери.

Тие сметаат дека Нобеловата награда ќе им даде поддршка на Зоран Заев и Алексис Ципрас „во процесот на помирување и прифаќање на договорот во нивните земји“, но и дека ќе ги охрабри и другите да го следат конкретниот пример и да придонесат за мирно соседство.

Би можело да ве интересира

Заев на ФБ: Гласај за заедно да ја градиме иднината

Ана Ололовска

Повторно грешка, но сега во снимка од Заев: Наместо пишаното „важи“, останало кажаното „марш“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Заев: Не смееме да си дозволиме влада на ВМРО-ДПМНЕ која носи опасност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Николовски тврди дека семејството Заеви се јавува како странски инвеститор во најмалку две европски држави

Ана Ололовска

Заев за снимката објавена на Јутјуб: И денес мислам дека ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови

А1он

Нова снимка од Заев и непознат соговорник се појави на Јутјуб

А1он