Поддршка од Нов Зеланд за Шарената револуција

Од:

Вчера напладне на Лонг Беј, регионалниот парк во Окленд, Нов Зеланд, се собраа Македонците кои живеат таму да изразат поддршка за Шарената револуција.

-Македонците од Нов Зеланд изразуваат поддршка за Шарената револуција и нивните браќа и сестри кои секојдневно маршираат низ улиците на државата и кои протестираат против криминалната и корумпирана власт, порачаа тие.
Шарени и насмеани, стари и млади во еден глас скандираа “Нема правда, нема мир, Оставка, Оставка“.

За време на собирот во Лонг Беј, присутните Македонци ги информираа и љубопитните посетители во паркот за настаните во Македонија и причината за собирот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски