А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поддршка од „Јадро“ за предлогот за референдум за зачувување на ГТЦ

by А1он20/03/2015 - 17:01124
Share0

Јадро – асоцијација на независната културна сцена, остро се спротиставува на насилната девастација на урбаната меморија и културното наследство, која се одвива последните години.

Добивај вести на вибер

Сведочиме на тоа како меѓународно варолизираните и социо-културно потврдени историски вертикали и урбани топоси бескрупулозно се поништуваат, агресивно се преобликуваат и се испраќаат во заборавот без аргументација, туку хировито, со цел да се ревоспостави нова историја.

За да ја потврдиме вредноста на современието во кое живееме нужно мораме да го потврдиме континуитетот загледан во разумното читање на историјата и на културното наследство.
Јадро – асоцијација на незваисната културна сцена, со протестна загрженост реагира на тенденциите за преиначување и неодговорно интервенирање во срцевината на културното наследство и социо-културната меморија. Сметаме дека ваквите интервенции, без согласност на граѓаните на Република Македонија, а во дослух со мала група на луѓе кои во мигов ја имаат извршната моќ на владеење, не само што го загрозуваат идентитетското формулирање на земјата и нејзините граѓани туку се израз на авторитарно и бескрупулозно задирање во она што треба да е„дом“ на граѓанска и мултикултурна Македонија.

Посегањето по „телото“ на Градскиот трговски центар, кој е врвно културно наследство на модернизмот, е посегање по културниот идентитет на модерна Македонија.

Доколку надлежните институции кои се обврзани да се грижат за културното наследство немаат доблест и капацитет да го заштитат континуумот во градењето на социо-културната меморија, тогаш наша e одговорноста да го сториме тоа. Токму затоа, Јадо – асоцијација на независната културна сцена смета дека е нужно да се исползува демократското право за референдум, на чија потреба укажуваат Општина центар и граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“. Даваме целосна поддршка и инсистираме дека ова е крајниот момент кога граѓаните треба да ја преземат во свои раце сопствената историја, сопствената сегашност и сопствената иднина.

Градскиот трговски центар во Скопје е последниот бастион, чие опстојување треба да биде симболички означувач за нашата свесност за заедничкото граѓанско урбано наследство и паметење.

gtc

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ14/11/2023 - 12:2714/11/2023 - 12:28

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ14/11/2023 - 11:4214/11/2023 - 12:05

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов15/12/2022 - 16:3615/12/2022 - 17:02

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски12/12/2022 - 10:1712/12/2022 - 11:31

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов25/07/2022 - 15:4125/07/2022 - 17:36

Дуќанџиите во ГТЦ: Проектот „Гранд“ ќе го заживее Градскиот трговски центар

Ана Ололовска03/12/2021 - 13:0603/12/2021 - 13:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен