Подалечна роднина на Шекеринска, кандидат за член или претседател на Антикорупциска

Од:

Прв кандидат кој денеска беше интервјуиран од Комисијата е Радица Геровска Лазаревска. Таа конкурира и за член и за претседател во Комисијата за спречување корупција и судир на интереси.

Героска Лазаревска која доаѓа од Министерството за правда беше затечена од прашањето дали е во роднински врски со вицепремиерката и министер за одбрана и заменик претседател нс СДСМ, Радмила Шекеринска.

„Не сум во роднинска врски кои ги користам. Може да сме во далечна роднинска врска“, одговори Героска Лазаревска.

Таа не верува во опструкции од страна на институциите врз Антикорупциската комисија. Вети дека треба да се менува перцепцијата дека корупцијата е нешто нормално.

„Корупцијата не може да се искорени во целост, таа постоела и ќе постои“, рече Героска Лазаревска.

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев