Под лупа загадувањето и климатските промени во Источна Македонија

Од:

Присуството на фосфор и нитрити во реките во Источна Македонија, останува да биде главен проблем. Во водите на реката Брегалница, има повеќе од дозволеното присуство на кадмиум, манган, олово и бакар. Поради тоа, состојбата со водите не може да се оцени како добра. Ова е заклучокот од анализите во рамките на обемниот Проект за управување на речниот слив на Брегалница, објави агенцијата Мета.

Денеска во Кочани се одржа третата презентација на резултаитите од овој проект, за кој, 4,5 милиони швајцарски франци издвои Секретаријатот за економија на Швајцарија, а 800.000 франци македонското Министерство за заштита на животната средина. Како резултат на овој проект, професорот на ПМФ од Скопје, Трајче Стафилов изработи вреден документ „Геохемиски атлас на Брегалница“.

Проектот на крај, рече раководителот Владимир Ставриќ, ќе биде изработен План за управување со речниот слив, кој ќе биде предаден на Министерството за животна средина. Планот ќе биде своевиден патоказ на активности за заштита на подземните и речните води на втората по големина река во Македoнија.

20 експерти од Македонија и 16 од Швајцарија и Шпанија работат на изработката на анализите и документите што произлегуваат од проектот.

Особено очекувана за јавноста е анализата за влијанието на климатските промени. Изработени се три сценарија за висок, среден и низок ризик од климатските промени. Следите години , според проценките,во Источниот регион потребите за вода ќе се зголемат за 2 проценти, пред се од индустријата. Проблемот не е во количините на вода, туку во квалитетот на водата. Загаденоста на водите од индустријата, рудниците и пестицидите од земјоделството останува. Дополнителен проблем е што по течението на Брегалница само еден град има прочистителна станица на отпадните води. Планот на кој се работи, доколку се следи в наредните години, вели Владимир Ставриќ, треба да го подобри квалитетот на водите.

Проектот, кој се однесува на 15 општини во Источна Македонија, завршува во 2016 година. Преставничката на швајцарскиот Сектор за економија Франсоаз Саламе рече дека успешноста на проектот е во одржливоста.

-Кога ќе се вратиме по неколку години и ги најдеме граѓаните како употребуваат квалитетна , чиста вода, тогаш ќе кажеме дека проектот е успешен, – изјави Саламе.

Проектот до сега финансираше 15 комунални проекти кои директно се однесуваат на заштитата на животната средина, како и поставувањето на три помали прочистителни станици на отпадните води.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов