Почнува селектирање отпад во Кавадарци

Од:

На повеќе локации во Кавадарци за две недели ќе се постават 45 пластични контејнери за селектирано фрлање отпад.

Контејнерите, посебно за стаклен, пластичен и хартиен отпад, се донација од „Пакомак“, а градоначалникот Митко Јанчев денеска ги предаде на ЈП Комуналец.

– Контејнерите ќе бидат поставени во градските средини, по однапред подготвен план од Комуналец, одобрен од општина Кавадарци. Целта е да го селектираме отпадот, да го одвоиме стаклото од другите отпадни материјали, пластиката и хартијата, рече Јанчев.

Тој апелира граѓаните соодветно да го фрлаат отпадот од што може да се добијат плус средства со кои би се набавила преса. Пресираниот отпад, додаде Јанчев, ќе се продава на компании откупувачи така што бенефит ќе имаат сите, најмногу животната средина.

„Пакомак“ еднаш неделно со специјално возило ќе ги празни контејнерите, а отпадот ќе го депонира на соодветна локација утврдена од општината и Комуналец.

Претпријатието најавува подобри услуги за граѓаните и од аспект на водовод и канализација бидејќи е набавена нова опрема, трактор и две приколки.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење