Почнува летото, пеколни температури ја очекуваат Македонија

Од:

Во среда, во 6 часот и 24 минути почнува летото, а светските метеоролози предвидуваат “пекол“ во Јужна Европа.
Метеоролозите уште претходно предупредија на долги периоди на топло време и неколку опасни топлотни удари кои ќе создадат проблеми на подрачјето на јужна и источна Европа.

Долго топло лето се очекува ширум Европа, но и долги периоди на натпросечни високи температури на подрачјето на Италија и Балканот, пишува “Accuweather“.

Посебни бранови на топлина се очекуваат во втората половина на јуни и цел јули, а температурите над 32 степени ќебидат вообичаени во текот на целото лето.

Топлото и суво време од Балканот и од Италија ќе се поместува на истокот на Европа. Сепак интензитетот на топлината од Полска до Балтикот, преку Белорусија и Украина нема да биде јак.

Најголема опасност од појава на долги и опасни топлотни удари се очекуваат во Македонија, Унгарија и Романија.
Уште едно сушно лето ги очекува Шпанија и Португалија, а тоа ќе ја зголеми заканата од шумски пожари.

Временски неприлики ќе има и во Германија и Полска каде според прогнозите во текот на летото се очекува појава на силно невереме.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Почнува летото

Горан Наумовски