ВИДЕО: Хан и Заев на средба во Пржино

Од:

Еврокомесарот Јоханес Хан кој денеска дојде во Скопје ќе има интензивни преговори со четирите партии во резиденцијата на ЕУ во Пржино. Тој во 10:30 ги почна првите преговори со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а потоа во 11:30 со ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.

Се очекува подоцна Хан да ги продолжи разговорите со сите четири партии. На средбите во ваков формат што се одржуваа претходно присуствуваа и евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД Џес Бејли, а овојпат Хан дојде сам.

– 15-ти јануари е клучниот рок на политичкиот договор чија имплементација е важна и за Владата и за граѓаните на земјата. Очекувам дека преостанатите елементи од политичкиот договор ќе бидат решени пред или за време на мојата посета, овозможувајќи им на изборните власти да организираат веродостојни избори во согласност со договорената временска рамка, стои во вчерашната писмена изјава на Хан.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски