Почна поценката на штетите во Струмичко, најпогодени пиперот и житата

Од:

Градинарските култури, посебно пиперот, како и посевите со пченица, се најоштетени од вчерашното невреме што го зафати струмичкиот регион.

Ова го покажува првичната проценка на терен што се изврши денеска во присуство на министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Поројниот дожд и град предизвикале и материјална штета на објекти и приватен имот. Зафатени биле повеќе населени места во општина Струмица и во општина Босилово.

– Првична проценка на штетите по вчерашното невреме во Муртино ќе се изврши денеска. Ќе се утврдува колкави површини, кои култури и кои региони се зафатени за да се делува соодветно, согласно предвидените постапки. Потоа, комисиите формирани во рамки на општините, ќе ги направат сите соодветни проценки за да се запази натамошната постапка, до владината комисија за обесшетување која ги работи овие предмети, изјави Николовски пред проценката.

Целта на неговата посета, како што рече, е веднаш да се излезе на терен и да се направат првичните согледувања заедно со земјоделците и сите засегнати страни.

Комисиите за проценка на штети од општините Струмица и Босилово од утре ќе почнат со проценка на штетите на терен, по што ќе следува постапка за обештетување.

МЗШВ е во постојан контакт и со општина Могила, каде вчерашното невреме предизвика исто така штети врз земјоделските култури, особено врз тутунот.

Општината формираше Комисија која денеска почна со увид и проценка на штетите. Во општина Могила невремето предизвика најголеми штети во селата Вашарејца, Долно Српци, Бернаци и Ивањевци.

Николовски беше во Муртино заедно со претставници на Општина Струмица и вработени во Подрачната единица на Министерството.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците