Почна отстранувањето на гранатите пронајдени под Тумбе кафе во Битола

Од:

Со камиони на македонската армија и со полициска и воена придружба денес од Битола почна евакуацијата на 12.600 пронајдени артилериски гранати кои во наредните период ќе се уништуваат на воениот полигон Криволак.

Артилериските гранати беа пронајдени под Тумбе кафе, во близина на фудбалскиот стадион во Битола.

– Остранети се 12.600 гранати кои изразени во тежина, тежат околу 100 тони. Транспортот се врши со возила на македонската армија и со полициска и воена придружба, а потоа гранатите ќе бидат унишени на воениот полигон Криволак. Акцијата ќе се спроведе со стандардна процедура и протокол, а во истата се вклучени армиски пиротехничари и професионалци од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави Димче Јошевки, раководител на оддлението на ДЗС во Битола.

Првите парчиња артилериски гранати беа пронајдени на 26 октомври, а потоа секојдневно македонските пиротехничари го откриваа и отстрануваа најголемиот заостанат експлозивен арсенал на Балканот.

– Работевме три седмици, секој ден по 12 часа со единствена цел да ги откриеме и отстраниме сите гранати. До денес како неексплодирани убиствени средства гранатите беа складирани во специјален магацин во Битола. Сите гранати се артилериски гранати 75 мм од Првата светска војна и ќе бидат уништени, појасни битолчанецот Ѓорги Стефанов, пиротехничар во ДЗС.

Објектот каде се складирани артилериските гранати во Битола е со постојано обезбедување и така ќе биде се до евакуацијата на последната граната од магацинот, посочија од Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

Гранати најдени во Куманово и Отешево

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов