Почна одбележувањето на Денот на албанската азбука – 22 Ноември

Од:

Првиот вицепремиер на Република Северна Македонија, Артан Груби, денеска ја отвори манифестацијата „Денови на азбуката“ во организација на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците. Во својот говор, тој истакна дека 22 ноември е еден од трите столба на создавањето на албанскиот идентитетски код.

-Ви честитам што создадовте нова традиција меѓу Албанците од Северна Македонија преку развојот на манифестацијата „Денови на Азбуката“, сега втора по ред со институционална поддршка. Албанците во Република Северна Македонија го сметаат 22 ноември како еден од трите столба на создавањето на албанскиот идентитетски код, почнувајќи од 10 јуни 1878 година со одржување на Призренската средба, со прогласување на независноста на 28 ноември 1912 година и претходно со Конгресот на Битола 1908 година, како три од столбовите на нашата модерна историја што, за среќа, се развиени во трите земји каде што живееме ние Албанците денес, во Косово, Северна Македонија и Албанија, рече Груби.

Како што соопшти Кабинетот на Груби, тој нагласи дека му е драго што манифестацијата „Денови на Азбуката“ од Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, како еден од соработниците во развојот на активностите за одбележување на 22 ноември, оваа година е посветена на придонесот на жените Албанки.

-Особено за да се осветли фактот на придонесот на албанската жена заедно со традиционалната улога што нашата патријархална култура ја перципира како просветителска жена, која го кажа својот придонес кон културниот и образовниот развој на Албанците, не само во Северна Македонија. Ви честитам на темата за оваа година и посакувам само да продолжите да ја расветлувате клучната улога на албанските жени во државата, албанската конструкција и историјата, рече Груби.

Тој, исто така, рече дека 22 ноември е многу важен датум за Албанците од Северна Македонија и овој датум е одбележан институционално.

-Датумот 22 ноември е празник за целата албанска заедница. Овој институт е основан на 22 ноември и сега се доделува државна награда на 22 ноември за одбележување на овој голем датум за сите Албанци, подвлече првиот вицепремиер Артан Груби.

Директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, Скендер Хасани и амбасадорот на Република Косово во нашата земја, Ѓерѓ Дедај, учествуваа на овој настан со кој почнаа манифестациите за одбележување на 22 ноември, Денот на Албанската азбука.

Би можело да ве интересира

Во Битола се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес и Ден на албанската азбука

Научна конференција посветена на Франческо Алтимари, истражувач на арбершкиот јазик и литература

Ана Ололовска

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Денот на албанската азбука

Катерина Ѓуровски

Џафери: Институциите, медиумите и просветните работници да покажат како се чува албанскиот јазик

Катерина Ѓуровски

Министерите Груби, Османи и Бектеши го посетија Музејот на Албанската азбука во Битола

Ана Ололовска

Заев: Да имаме комуникација, разбирање, толеранција и заедништво