Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Денот на албанската азбука

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го честита 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука, на сите припадници на албанската етничка заедница во Република Македонија.
Македонија била и ќе остане држава во која взаемната почит и негувањето на културна и јазична посебност се темел на кој ја градиме нашата татковина. Јазикот и културата на Албанците во Македонија се дел од мозаикот на мултиетничкото општетсво во кое живееме – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на албанската азбука.

Од партијата потсетуваа дека празнувањето на овој ден беше воведено кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во државата.

„Денес во време кога македонскиот јазик, култура и идентитет се оспорувани поради пазарџиските политики на Заев, најдобар одговор кој мораме да го дадеме како граѓани е да застанеме сплотено и заедно во одбраната на правото на секој народ и на секој јазик на своја идентитетска посебност. Неуспесите на власта и поразите кои и ги сервираат на Македонија носат разочарувања кај народот, но одговорот на тоа мора да биде одлучен, затоа што Македонија има капацитет за влез во Европската Унија но со нови сили необременети со концесии. Македонија со целата своја традиција на толеранција, взаемна почит и мултикултурализам со векови наназад, покажала и докажала дека ги живее цивилизациските вредности на кои денес е изградена Европа“ – стои во честитката од партијата.

Би можело да ве интересира

Џафери: Институциите, медиумите и просветните работници да покажат како се чува албанскиот јазик

Катерина Павлова-Николовска

Министерите Груби, Османи и Бектеши го посетија Музејот на Албанската азбука во Битола

Ана Ололовска

Почна одбележувањето на Денот на албанската азбука – 22 Ноември

Ана Ололовска

Заев: Да имаме комуникација, разбирање, толеранција и заедништво

Џафери: Само граѓанските општества можат да бидат моторот што ја води напред нашата држава

(ВИДЕО) Заев: Со празнувањето на Денот на албанската азбука го славиме зближувањето на различните културни традиции

Ана Ололовска